Ден на франкофонија

Печати

По повод Денот на Франкофонијата, 20 Март, а воедно и месецот на францускиот јазик, на ден 22 Март 2018 во нашето училиште беше организиран промотивен штанд за францускиот јазик во кој учествуваа наставникот по француски јазик Ана Божиновска и учениците од деветто одделение. Преку креативни изработки, проекти и француска храна учениците ја претставија Франција-земјата чијшто јазик го изучуваат, но и францускиот јазик којшто го говорат 300 милиони говорители ширум светот.