Здрава храна јади – здрав живот гради

Печати

Со цел подигнување на свеста кај младата популација (нашите ученици) за здрава исхрана и нејзините придобивки, во библиотеката на ОУ Стив Наумов се одржа едукативен настан под име „Здрава храна јади – здрав живот гради“.

Беше распишан литературен конкурс во кој учествуваа ученици од прво до петто одделение. Пристигнаа голем број на песни и раскази кои беа оценувани од страна на библиотекарите. Беше донесена одлука да се
наградат пет ученици за најдобри песни:

Андреј Лозановски V б одделение
Ѓорѓи Стојковски V а одделение
Јована Горко V б одделение 
Лина Трајчевска III а одделение 
Христијана Поповска V б одделение


На учениците им беа доделени награди (пакет од четири книги) на едукативниот настан кој се одржа во библиотеката на 04.04.2018. Настанот беше составен од низа активности и започна во 12 часот.

  1. Учениците од V а и V б одделение одржаа презентации за здрава храна кои самите ги подготвија.
  2. Ученички од V б одделение играа на кореографија подготвена од нив.
  3. Наградените ученици ги прочитаа песните и им беа доделени наградите.
  4. На крајот имаше презентација за здрава храна од вработените во Lounge and fresh bar Center, Битола кои правеа свежо цедени сокови.
  5. Им беа доделени компот и овошна салата на сите присутни од учениците од V одделение кои во текот на целиот настан ги подготвуваа со овошје кое претходно го имаа донесено.
  6. На настанот учествуваа и претставници од фирма за природен органски мед „Мелиса“ кои им ставаа мед на учениците во салатите.
  7. На крајот од настанот, на сите присутни ученици им беше доделена по една книга како благодарност за нивниот придонес.