Упис на ученици за прво одделение за учебната 2020/21 година

Печати

Уписот на ученици за прво одделение за учебната 2020-21 година започнува на 01.06.2020 до 10.07.2020 од 9 часот до 17 часот.

Ќе се запишуваат деца родени 2014 година заклучно со 31.01.2015 година.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Извод од матична книга на родените ( оригинал или заверен на нотар )

2. Потврда од систематски преглед ( од амбулантата при Здравствен дом - Битола соба бр. 63 )

3. Потврда од систематски преглед на забите ( од стоматолошка амбуланта за превентива при Здравствен дом - Битола )

4. Потврда за имунизација ( со вакцини ) -  од амбулантата за здраво.

5. Лична карта на еден од родителите.

 

При уписот да биде присутно и детето што ќе се запишува и задолжително да се носат заштитни маски како и детето така и родителиот.