Од нашите најмили за нашите најмали
Во ООУ „Стив Наумов“ Битола се одржа хуманитарна акција за донирање на играчки во градинката „Славејче“ Битола. Играчките беа предадени на вработените во градинката.
Воспитниот процес е многу битен елемент за напредокот на едно општество и затоа нашите ученици постојано се поттикнуваат да бидат луѓе со големо срце кои секогаш се расположени да им помагаат на другите.
Реализатори: Службата, сите наставници и ученици во училиштето.
Организатор: Марија Трифуновска Тасеска
Хуманитарната акција е дел од годишната програма за хуманитарна и општествено-корисна работа на училиштето.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |




