Јавен повик за избор на талентирани ученици

Печати

По повод Денот на заштитникот на градот Битола ,,Св.Нектариј Битолски"

на иницијатива на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, беше распишан јавен повик за избор на талентирани ученици во општина Битола. Градоначалникот на општина Битола им додели награда на 19 талентирани и успешни ученици кои го промовираат нашиот град и државата во меѓународни рамки.

Меѓу наградените има ученици од нашето училиште ООУ ,,Стив Наумов'', а тоа се:

- Алексеј Белевски

- Илина Момировска и 

- Маркијан Поповски.