Во рамките на одбележувањето на Детската недела, под мотото „Детството е најубавата приказна – да им помогнеме на децата да ја напишат со насмевка!“ , во ОУ,,Стив Наумов“ -
Битола, на ден 09.10, се одржа свечена приредба и свечен прием на првачињата во Детска организација. Учениците од трето одделение заедно со своите наставници подготвија музички точки за првачињата, а првачињата ја дадоа својата заклетва пред присутните родители и наставници.