Зелена иднина: од градинка до училиште

Печати

СО 281 САДНИК РАЗЗЕЛЕНЕТИ ПРВИТЕ ДВЕ УЧИЛИШТА ВО СКОПЈЕ И ВО БИТОЛА Избрани се на dm конкурсот „Зелена иднина: Од градинка до училиште“.

При изборот на проекти предност имаат државни и општински средни и основни училишта и градинки кои немаат или имаат недоволен број на дрвја или растенија во својот двор.

Компанијата dm drogerie markt ја почна реализацијата на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ со пошумување и раззеленување на дворовите на 2 основни училишта од земјава. ООУ „Стив Наумов“ од Битола и ООУ „Његош“ во  Јурумлери во општина Гази Баба во Скопје добија донација наменета за набавка на садници во вкупен износ од 262.100 денари.

Конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој е отворен од септември 2025 година, има цел да го поддржи раззеленувањето и хортикултурното уредување на дворовите на државните и општинските градинки и училишта во земјата, со акцент на подобрување на животната средина и создавање на зелени површини за учениците.
Во двете одбрани училишта, ООУ „Стив Наумов“ и ООУ „Његош“, беа посадени вкупно 281 нов садник, во вкупна вредност од 262.100 денари.

 

– Ни претставува големо задоволство што интересот за конкурсот е голем и што досега се пријавија толку многу соодветни проекти кои би можеле да ги поддржиме. Раззеленувањето на дворовите во ООУ „Стив Наумов“ во Битола и ООУ „Његош“ во Гази Баба ќе им помогне на училиштата да создадат попријатен простор за малите ученици, на кои зеленилото ќе им биде добредојдено и за релаксација и за игра на отворено – изјави Сандра Атанацковиќ, дел од тимот за маркетинг и комуникација на dm drogerie markt.

Сите проекти пријавени преку конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ ги разгледува специјално составен стручен тим од претставници на dm drogerie markt и претставник од Македонското еколошко друштво (МЕД). На конкурсот можат да се пријават државни и општински градинки и училишта, а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026. При изборот на проекти предност имаат државни и општински средни и основни училишта и градинки кои немаат или имаат недоволен број на дрвја или растенија во својот двор.

 

 

Статија од Plus Info