На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, сите заедно ги прифаќаме различностите и градиме меѓусебна почит и поддршка.
ООУ ,,Стив Наумов " - Битола во соработка со ОУРЦ ,,Кочо Рацин" - Битола, даде поддршка на традиционално организираниот марш од страна на Лајонс клубот Кабадаја, под мотото ,,Обои ме во пријател".
Преку реализација на работилници, учениците од нашето училиште испратија порака дека секој човек заслужува љубов, разбирање и место каде ќе се чувствува прифатено.
Нека нашите бои, насмевки и добри дела го обојат светот во пријателство.