По повод 8 Декември – Денот на просветните работници , првачињата од Iа одделение реализираа прекрасна посета во ЈОУДГ „Коца Василева“ .
Во топла и другарска атмосфера , нашите ученици заедно со дечињата од градинката изработија креативен постер од букви – азбука , при што со радост лепеа, сечеа и создаваа.
Активноста помина во позитивна, работлива и весела атмосфера , а децата уживаа во заедничкото дружење и учење .