Посета на Музеј - Битола

Печати
✔️Нашите млади градители и уметници од II в одделение од ООУ „Стив Наумов“, не посетија на 5. Декември, внимателно слушаа, научија и одлично соработуваа со нас.
📺По разгледување на поставката со нашата колешка Билјана Стефановска, трите групи ученици имаа прилика да го гледаат филмот за архитектот Богдан Богдановиќ во Мала сала и да присуствуваат на работилница.
🎨Во рамки на едукативната и интерактивна работилница, со колешката Ирена Ружин и Моника Нолева, насликаа и изградија меморијални споменици од различни материјали, инспирирани од симболите што ги користел архитектот Богдан Богдановиќ.
👏Браво за сите ученици и нивната прекрасна наставничка Даниела Јовановска!
Наскоро продолжуваме и со други групи ученици.
 
 
Галерија