Работилница на тема: „Здравствена заштита и превенција од ХПВ вирус “

Печати
На ден 19.02.2026г во нашето училиште беше реализирана работилница на тема: „Здравствена заштита и превенција од ХПВ вирус “
1. Цели на активноста
Главната цел на настанот беше едукација на учениците и родителите за ХПВ (Humman Papillomavirus), начините на преносливост и механизмите за заштита. Посебен акцент беше ставен на:
Подигнување на свеста за опасноста од ХПВ инфекциите.
Информирање за придобивките од ХПВ вакцинацијата како најефикасна превентивна мерка.
Разбивање на митовите и предрасудите поврзани со вирусот преку стручни медицински докази.
Подигнување на свеста за значењето на здравствената заштита кај адолесцентите;
Едукација за правилен раст и развој во пубертет;
Поттикнување отворена комуникација помеѓу учениците, родителите и здравствените работници;
Јакнење на соработката помеѓу училиштето и локалната здравствена заедница.
Активноста е плод на соработката помеѓу училиштето и локалните експерти:
Маре Жежовска Трајковски – Наставник по Биологија.
Д-р Сотир Ропи – Специјалист гинеколог Болница „Плодност – Битола
 
Галерија