Промоција на женскиот фудбал и поттикнување на љубовта кон спортот.

Печати
Девојчињата од III-в одделение од нашето училиште, заедно со нивната наставничка Марија Кочовска, беа дел од прекрасен спортски настан посветен на промоција на женскиот фудбал и поттикнување на љубовта кон спортот.
Настанот се одржа на Ќумурното игралиште, на 6 март, во Битола, а на него учествуваа околу 50 девојчиња на возраст од 8 до 10 години од основните училишта и женските фудбалски клубови од општината.
Активноста се реализираше во организација на FIFA во соработка со ФФМ, во рамки на проектот „Женска фудбалска кампања“, чиј прв од вкупно десет настани се одржа токму во нашиот град.
Амбасадор на настанот беше македонската фудбалска репрезентативка Меланија Грозданова, а девојчињата имаа можност да се запознаат и да се дружат со членовите на женската А фудбалска репрезентација на Македонија, кои ги поздравија пред нивниот официјален тренинг.
Сите учеснички добија и подароци од организаторот, а настанот помина во прекрасна атмосфера исполнета со игра, дружење и спортски дух.
 
 
Галерија