,,На 2 Април не учиме да бидеме исти – туку да прифаќаме"
Како почетна активност, на децата им беше пуштена песничката „Светот е за сите нас“, по што учениците беа вклучени во предвидените активности за изработка на проект по повод Светскиот ден на аутизмот.
Учениците од IV б, II б и II в заедно ја подаваат раката за разбирање, прифаќање и љубов, градејќи средина во која секој е вреден и прифатен.
Образовни асистенти: Маја Станковска, Јасмина Ангелевска, Елена Петреска
Одделенски наставници: Виолета Цигарида, Марија Шарковска, Даниела Јовановска