Од снежната Алјаска до тропските Хаваи 
Како дел од нашата иницијатива „50 држави, 50 часови“, учениците од основното училиште ООУ ,,Стив Наумов " се приклучија на возбудливо патување низ Соединетите Американски Држави преку интерактивна сесија предводена од волонтерот на Peace Corps, Jack Kamps.Учениците ги истражуваа државите Alaska, Hawaii, North Dakota и Alabama, учејќи за нивната географија, култура, знаменитости, традиции и уникатни карактеристики преку интересни презентации и забавни дискусии.
Сесијата беше исполнета со љубопитност, креативност и активно учество, давајќи им можност на учениците да ја откријат разновидноста на Соединетите Американски Држави, додека ги развиваат своите комуникациски вештини и тимската работа. 

Одговорен наставник:
Габриела Мамакис - Петковска