Работилница: На што би ги потрошил/а заштедените пари?

Печати

Тема: На што би ги потрошил/а заштедените пари?

Цел: Соработка на учениците од 3б одделение со родители и локалната заедница - бизнис сектор.

Форма на соработка: Родители - помагачи; родители - извор на знаења и информации

 

На ден 29,03,2019 год, нашето училиште беше посетено од Паце Сековска, раководител на служба за благајничко работење, вработена во Стопанска Банка АД - Скопје. Под мотото УЧИ,ШТЕДИ, ИМАЈ преку интерактивна презентација се стави акцент на еден од најзначајните светски предизвици- финансиската едукација посебно кај децата и младите.

за таа цел, учениците од 3б одделение, преку свои цртежи одговорија на дадената тема. На најуспешните ученици за нивните ликовни творби директорката Д-р Дијана Христовска им додели награди. А кога сме кај наградите, не изостанаа и вработените од Стопанска Банка. Од нивна страна на учениците им беа подарени боенки, училишен прибор и идни штедни книшки.