Денешниот Светски ден на книгата и авторското право го одблежавме дружејќи се со дечињата и нивните наставници од две битолски училишта и тоа ОУ „Св. Климент Охридски„ - Битола и ОУ „Стив Наумов“ - Битола.
Тимот на Просветно дело задолжен за детската радост денес го сочинуваа Наум Попески, Вера Андон, Ксенија Маказлиева Трајчева, Маја огоевска, Весела Богдановиќ и Филип Димкоски.
Учевме за најстарите списанија за деца Другарче, Развигор, Росица и Наш свет, читање песни за книгата но и за екологијата и здравата храна, игравме иги и се моивиравме да читаме книги и списанија и да пишуваме песнички. Се расте и со читање и од љубов кон книгите.
Секој настан има моменти по кои се памети а јас денешните средби ќе ги паметампо извикувањето Филииип, Филиппп, потоа по еден Филипп што веќе ја имал мојата книга, па по еден друг Филип што сакал да биде земјоделец и по едно детенци чие име не го запамтив а кога почнав да читам ми кажа дека мојата песна Малиот градинар веќе ја знае оти мајкам му ја читала.
Текст превземен од: Филип Димкоски.