Во ОУ „Стив Наумов“ Битола се реализира хуманитарна акција за донирање храна и облека по иницијатива на училишен одбор,
а во организација на директорката д-р Дијана Христовска и наставниците: Даниела Јовановска, Марија Трифуновска Тасеска, Соња Алтипармакова и Менде Бегалиновски.
Акцијата се одржа во месец Април и се собраа многу донации во вид на облека и храна за семејства од социјално ранливи категории. Облеката како и пакет со намирници беа донирани на самохрана мајка со три деца на 28.04.2021.
Се гордееме со сите наши ученици, наставници и родители и сме благодарни што во овие тешки времиња повторно се покажаа како херои со големи човечки вредности и придонесоа за помош на оние на кои им е најпотребна.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |



