Оваа учебна година беше исполнета со бројни предизвици и промени во начинот на наставата. И покрај сè, се гордееме што ја завршивме успешно со бројни награди и признанија.
Во ОУ „Стив Наумов“ Битола, на ден 11.10.2021 година, традиционално се одржа свечена церемонија за доделување на пофалници и награди на учениците кои се истакнаа и кои освоија награди на натпревари. Поради специфичните услови наложени од ситуацијата со Ковид-19, на церемонијата беа присутни само учениците на кои им се доделуваа пофалници со цел да се запазат пропишаните мерки. Исто така како специјален гостин беше поканет и Стефан Бошков, внукот на Стив Наумов кој на учениците им раскажа неколку случки од животот на Стив Наумов.
На церемонијата, директорката д-р Дијана Христовска на учениците им ги додели пофалниците и наградите. Исто така, присутните имаа можност да гледаат два кратки филмови „Бројот Пи„ и „Животниот пат на Стив Наумов“ изработени од ученици од IX одделение.
Голема благодарност до управата во нашето училиште, сите наставници за несебичното залагање, учениците со кои се гордееме и посебна благодарност до нашите спонзори (Стил Боби, Аптека Медика-Вива, Тера, Лингва, Фото Лидија, Марта Крстевска и бутик Калиси) кои помагаат да ги поттикнеме и мотивираме нашите ученици за понатамошни успеси, како и до организаторките на настанот наставничките Даниела Јовановска и Марија Т. Тасеска.