31 Октомври - Светски ден на штедењето

Печати

По повод 31 Октомври-,,Светскиот ден на штедењето“ учениците од IIв одд. беа посетени од страна на Стопанска Банка АД Скопје со финансиските службеници Паце Сековска и Оливера Михајловска.

Целта на посетата беше да се поттикнат децата за штедење уште од најмала возраст.Преку презентација и квизови во пријатна и возбудлива атмосфера децата научија на што можат најповеќе да заштедат.

На крајот од посетата учениците добија пригодни поклончиња.Посетата заврши со ветување дека уште од денешниот ден ќе започнат со штедење.