Симулациона вежба за справување во услови на земјотрес

Печати

Во рамките на Годишната програма за работа на училиштето и програмата на Црвениот Крст, денес на 9.11.2023г. беше реализирана симулациона вежба за справување во услови

на земјотрес. Општинската организација на Црвениот Крст и единицата за прва помош, заедно со наставниците спроведоа симулација на која треба да се развијат вештините за брзо и безбедно справување во елементарни непогоди, како и санирање на можни повреди настанати при земјотрес.

Во акцијата беа вклучени 12 волонтери. Волонтер на Црвениот Крст може да биде секое лице со навршени 13 години, да ја посетува организацијата и нивните обуки и да присуствува на редовните состаноци.

,,Ние сме задоволни од денешната акција, соработката со наставниците, времето на евакуација. Следно најавуваме слична акција заедно со полицијата и противпожарниот сервис."-истакна одговорното лице, Кристијан Марковски, некогашен ученик во ООУ,,Стив Наумов".

 

Интервјуто го направија членовите на новинарската секција, под раководство на Магдалена Сајкова