На 30.01.2024 година, во просториите на Офицерски дом Битола а на покана од Europe House Bitola, се одржа првиот час по музика во соработка со Државно музичко училиште - Битола.
Слушатели беа ученици од V одд. од ООУ" Стив Наумов" од Битола, кои одлично соработуваа, и со големо внимание го слушаа музичкиот дел. Оваа работилница им остави силни впечатоци, па со нетрпение очекуваат нови средби.
Предавач беше проф.м-р Маја Митровска.
Со свои изведби се претставија учениците Матеа Стојаноска, Јана Блажевска и Климент Ристевски во пијано придружба проф.м-р Доминика Робе Поповска.
Благодарност до #europehousebitola и наставничката Даниела Јовановска за соработката.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |




