Работилница на тема ,, Анксиозност”

Печати

На 25.03.2024 година, се одржа работилница на тема ,, Анксиозност”, во соработка со Факултетското Студентско Собрание на Педагошкиот Факултет – Битола и нашето училиште.

Нашите ученици од 7мо и 9то одделение го посетија Педагошкиот Факултет и се запознаа со поимот анксиозност и техники на справување со истата, а исто така имаа можност да се вклучат во дебата на гореспоменатата тема заедно со присутните студенти од Педагошкиот Факултет.

Учениците јасно ги изразија своите импресии за темата, кажаа дека  нивните погледи за менталното здравје драстично се промениле, со надеж дека во иднина ќе зборуваат гласно за анксиозноста.