Литературна и ликовна работилница

Печати

На ден 18.04.2024г. учениците од IIIг - одделение заедно со одделенскиот раководител Зоре Ѓоргиевска реализираа литературна и ликовна работилница, несекојдневна и интересна активност посветена

на промоција на книга. Нашата почитувана м-р Маја Митровска пред учениците ја презентираше својата нова книга, возбудливиот и интересен роман за деца и млади "Велинка".

Преку забавни и добро осмислени активности предвидени за работилницата, Маја ја поттикна детската креативност, ја разбуди детската фантазија барајќи инспирација и за нова книга посветена на најмалите читатели. Учениците успешно ги реализираа активностите, со големо задоволство активно се вклучија во секоја дискусија, литературно и ликовно ги изразија своите емоции.

На големо задоволство на писателката учениците искажаа само пофални зборови за поминатото време, активностите и литературното дело "Велинка". Секој ученик изрази желба да ја има книгата, што поскоро да ја прочита, страница по страница да го открие светот на Велинка.

Голема благодарност за м-р Маја Митровска, за прекрасната презентација на "Велинка", за поттикнување и развивање на љубовта кон пишаниот збор кај најмладите.

Сите заедно заклучивме дека книгата е најголемо богатсво, со секоја нова книга што ќе ја прочитаме ние стануваме побогати. Ние веќе знаеме која е новата книга што ќе ја прочитаме, а воедно ја препорачуваме на секој љубител на пишаниот збор.