Честитки за нашиот ученик од V - то одд. во класот на наставник Даниела Јовановска кој напоредно учи во Државното музичко училиште - Битола постигна голем успех во Њујорк.
Алексеј Белевски од класата по пијано на проф.м-р Марија Шамоска Буџаковски е добитник на прва награда и златен медал на Интернационалниот натпревар за млади музичари во Њујорк, САД. Во силна конкуренција на учесници од 16 држави ширум светот, оценуван од 12 члена еминентна комисија на врвни пијанисти од САД, Австрија, Германија и Кина, младиот Алексеј беше избран да настапи на концертот на победниците во светски познатата сала Carnegie Hall во Њујорк.
![]() |
![]() |
/t

