Работилница „Стоп за БУЛИНГ - врсничко насилство“

Печати

Членови на здружението,,Сега и овде", дипломирани психолози и психотерапевти, реализираа две презентации и една работилница во

нашето училиште на тема: Стоп за БУЛИНГ - врсничко насилство. Презентациите беа организирани за учениците од шесто до деветто одделение. Учениците беа организирани да ги следат презентациите во два термини - 21.5 и 22.5. Работилницата во облик на социодрама беше реализирана на 23.5. Преку неа, учениците го истражуваа булингот како еден од социјалните проблеми на денешното општество.

За да постои една безбедна средина за учениците во училиштето и надвор од него, на крај, социодрамата заврши со давање на идеи за изработка на идни акциони планови што би помогнале да се зголеми свесноста за булингот и да се овозможи постојана отворената кумуникација, разбирање, емпатија и барање помош.

Голема благодарност до Орхидеја Робевски и Билјана Толевска Наумовска за реализацијата на овие активности.