Детска недела

Печати
Во ООУ ,,Стив Наумов", на Светскиот ден на детето, се одбележа Детската недела под мотото: Правата на детето - безбеден чекор кон среќно детство!
Со свечена приредба се направи официјално прифаќање на првачињата во училиштето и нивна поддршка согласно Законот за заштита на децата и Конвенцијата за правата на детето при ООН.
На приредбата, не почестија со нивното присуство две групи дечиња од детската градинка ,,Мајски цвет " заедно со нивните воспитувачки и негователки.
Дечињата, испеаа две детски песнички на нашата приредба.
Координатор за Детска недела: Јасмина Гочевска - одд. наставник
Учесници: учениците од 3в одд., под менторство на наставничката Весна Стојановска, училишниот хор и оркестар, под менторство на наставничката Фросина Макалоска.
 
Линк