На 22.11.2024 година, во соработка со здружението „Европско граѓанство – Акција“ од Битола, се одржа работилница со учениците од петто одделение на наставничката Александра Илиевска, како дел од проектот „Биди ти – промени го светот“, поддржан од Општина Битола.
Учениците учеа за нивните права и одговорности, како и за надминувањето на предрасудите и стереотипите преку интерактивни активности, соодветни за нивната возраст.
Работилницата ја водеа едукаторите Билјана Темелкова-Бејковска и Даниела Јовановска.