Денес, учениците од VII одделение, го посетија производствениот погон на млекарата ,,Здравје", во Битола.
Посетата се реализира согласно програмата за работа по наставниот предмет Географија, а беше овозможена како резултат на соработка со родителите на учениците.
Голема благодарност до одговорните лица и вработените за поддршката.
Преку презентацијата подготвена од нив, учениците се запознаа со процесот на производство на млеко и млечни производи.
Одговорен наставник за настанот: Гордана Трајковска (наставник по географија)