Светски ден на пчелата 30.05.2025
Учениците од IIб и IIв одделение со одделенските наставнички Гордана Трифуновска и Марија Кочовска присуствуваа на настанот организиран од Сојуз на пчеларски здруженија на Македонија во соработка со Општина Битола и Амбасадата на Република Словенија.
Учениците учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс на тема ,,Пчелата чувар на планетата земја" и ги добија следните награди:
Литературен конкурс
III место - Василијана Тасеска 2б одд.
Ликовен конкурс
I место - Лука Пејовски 6а одд.
II место - Јован Николовски 2б одд.
По завршувањето на настанот, учениците од второ одделение имаа ликовна работилница на тема ,,Културно-историски" знаменитости во мојот град".