Посета на Градската библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола

Учениците од 2 одделение

На ден 09.02.2018г. учениците од второ одделение заедно со одделенските раководители ја посетија Градската библиотека „Св. Климент Охридски“.
Учениците ги разгледаа просториите во библиотеката, ги разгледаа книгите наменети за деца, рафтовите со детска литература (лектирни изданија, детски списанија, енциклопедии ). Се запознаа со историските податоци за библиотеката, за почетоците, за познатите писатели и поети од македонската современа литература. Учениците ги разгледаа и делата кои беа изложени во ракопис, машините со кои првично се пишувало во минатото. Поставуваа различни прашања на кои добиваа соодветен одговор од страна на библиотекарот. Целта на посетата беше успешно реализирана, учениците да стекнат навика за позајмување на книги од библиотека, да умеат да ги чуваат книгите и да се грижат за нив, да се однесуваат културно во библиотека. Учениците беа среќни и задоволни од посетата, меѓусебно си ги разменуваа впечатоците.

ОУ Стив Наумов - Битола