Македонски јазик

1.
По повод одбележувањето на јубилејот – 30 години од основањето на Педагошки факултет – Битола, беше распишан литературен конкурс на тема „Учителот“. Со голема гордост известуваме дека ученичката Ана Белевска од VII-В одделение при ООУ „Стив Наумов“ – Битола, во категоријата ученици од VI до IX одд. го освои првото место на овој конкурс.
На свечената академија по повод јубилејот, Ана Белевска доби сертификат за освоено прво место, а нејзиниот ментор м-р Ана Динковска-Божиновска, наставник по македонски јазик, доби признание за својата стручна и посветена менторска улога.
 
Дополнително, на нашето училиште му беше врачена благодарница за долгогодишна и исклучително успешна соработка со Педагошки факултет – Битола.
 
2. 

Марија Крстиќ, ученичка од VII-в одделение, освои трета награда на литературниот конкурс „Пламенот наш октомвриски вечно гори“ (2025) на тема „Алејата на борците во мојот град“.

Конкурсот беше распишан од Сојузот на борци од НОАВМ 1941–1945 година и граѓаните продолжувачи – Општински одбор Битола.
 
ментор: Ана Динковска-Божиновска
 
3. 
На литературниот конкурс "Моето училиште - моја приказна" во организација на ОУ "Славко Лумбарковски" - Новаци по повод нивниот 70-годишен јубилеј и патрон празник, нашата ученичка Марија Крстиќ од 7в одд. под менторство на наставник по Македонски јазик - Ана Динковска-Божиновска, освои трета награда!
 
4. 
На литературниот конкурс на тема: ,,Моето училиште - моја приказна", распишан од ООУ ,,Славко Лумбарковски" - Новаци по повод 70-годишен јубилеј и патрон празник, ученикот Петар Квачковски од 5а одд.- освои трета награда на литературниот конкурс, ментор: Виолета Цветановска.
 
5.
Во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа свеченото доделување на наградите од литературниот конкурс „Светлината на буквите“, организиран по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Во духот на светлината што ја распламтиле Кирил и Методиј, а која со векови ја осветлува патеката на словото, јазикот и знаењето, учениците од седмо одделение при ООУ „Стив Наумов“-Битола под менторство на Ана Динковска-Божиновска, ја претворија љубовта кон пишаниот збор во стихови и проза што допреа до срцата на читателите.
Со особена гордост го споделуваме нивниот успех:
✍️ **Категорија Поезија**
🥇 Прво место – **Галена Дамјановски**
🥈 Второ место – **Николај Ивановски**
📖 **Категорија Проза**
🥇 Прво место – **Илијан Унчевски**
🥈 Второ место – **Мартина Јошевска**
Особено радува фактот што првото и второто место во двете категории им припаднаа токму на учениците од нашето училиште.
Покрај наградените ученици, со благодарници за успешно учество беа одликувани и: Мерт Раиф, Марија Крстиќ, Лејла Шерифова, Лука Пејовски, Стефан Мањовски, Иван Андон, Ирина Лозановска, Лили Секуловски, Дариа Стојановски, Анастасија Илиева Кочанковска, Бисера Димовска, Огнен Митевски, Андреј Јовчевски, Изабела Јоцевска, Кристијан Петковски, Дамјан Апостоловски, Александра Петковска, Андреј Мишковски, Миа Јашаровска, Бисера Мажевска, Филип Крбалески, Емилија Николовска и Ивана Илијевска.

ОУ Стив Наумов - Битола