Посета на Исак џамија

Учениците од 4 одделение

Во рамките на МИО програмата на 09.02.2018г. Учениците од IV одд. извршија посета на „Исак Џамија“.

Учениците беа пречекани од домаќинот на џамијата (Оџата) кој одржа кратко предавање за историјата на локалитетот и нивните обичаи. Учениците беа заинтересирани и на таа тема и поставуваа прашања на кои добиваа одговори. Се разменаа различни мислења и искуства од христијанската и муслиманската вера.

ОУ Стив Наумов - Битола