Со цел подигнување на свеста кај младата популација (нашите ученици) за здрава исхрана и нејзините придобивки, во библиотеката на ОУ Стив Наумов се одржа едукативен настан под име „Здрава храна јади – здрав живот гради“.
Беше распишан литературен конкурс во кој учествуваа ученици од прво до петто одделение. Пристигнаа голем број на песни и раскази кои беа оценувани од страна на библиотекарите. Беше донесена одлука да се
наградат пет ученици за најдобри песни:
Андреј Лозановски V б одделение
Ѓорѓи Стојковски V а одделение
Јована Горко V б одделение
Лина Трајчевска III а одделение
Христијана Поповска V б одделение
На учениците им беа доделени награди (пакет од четири книги) на едукативниот настан кој се одржа во библиотеката на 04.04.2018. Настанот беше составен од низа активности и започна во 12 часот.
- Учениците од V а и V б одделение одржаа презентации за здрава храна кои самите ги подготвија.
- Ученички од V б одделение играа на кореографија подготвена од нив.
- Наградените ученици ги прочитаа песните и им беа доделени наградите.
- На крајот имаше презентација за здрава храна од вработените во Lounge and fresh bar Center, Битола кои правеа свежо цедени сокови.
- Им беа доделени компот и овошна салата на сите присутни од учениците од V одделение кои во текот на целиот настан ги подготвуваа со овошје кое претходно го имаа донесено.
- На настанот учествуваа и претставници од фирма за природен органски мед „Мелиса“ кои им ставаа мед на учениците во салатите.
- На крајот од настанот, на сите присутни ученици им беше доделена по една книга како благодарност за нивниот придонес.
