Известување 30.04.2020

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница усвои сет образовни мерки со кои обезбедуваме непречено функционирање на воспитно – образовниот систем во услови на пандемија, меѓу кои:

👉Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година!

👉Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година!

👉Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома!

👉Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни!

👉Се уредуваат уписите на високообразовните установи!

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и понатаму посветено ќе креира и предлага мерки и активности во интерес на сите чинители на образовниот процес: учениците, наставниците и родителите.

ОУ Стив Наумов - Битола