Општинскиот сојуз на училишни спортови - Битола во соработка со Црвен крст – Битола и Центар за народно здравје - Битола, го организираа традиционалниот „Есенски крос“ на
кој учество зедоа 500 ученици од основните училишта и 150 ученици од средните училишта од Битола, во 16 категории под менторство на 54 професори по ФЗО.
Од основните училишта најуспешни беа ООУ,,Елпида Караманди“ - прво место, ООУ,,Стив Наумов“ – второ место и ООУ,,Тодор Ангелевски“ – трето место.
Од нашето училиште ООУ,,Стив Наумов“ учествуваа 16 ученици од VI до IX одделение под менторство на наставниците Весна Гецовска и Менде Бегалиновски.
Најуспешни беа учениците:
Калина Андреевска од VI одд. - прво место,
Горазд Цветановски од VI одд. - второ место,
Ангела Ристевска од VIII одд. - второ место и
Лоренс Ивановски од VIII одд. – четврто место.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |












