По повод одбележувањето на Детска недела 2022 год. во нашето училиште беа организирани низа детски активности и манифестации.
На ден 3.10.2022г. наставничките од прво одделение им ги прочитаа детските права на учениците. Класните раководители ги истакнаа одредбите од Конвенцијата за правата на детето.
На ден 5.10.2022г. беа изработени плакати од вредните раце на првачињата под мотото: „ Другарството е дел од детската среќа “
![]() |
![]() |
На ден 10.10.2022г. беше организирана свечена приредба, со цел одбележување на прием на првачињата во детска организација. На приредбата беа присутни учениците од прво одделение, а во нивна чест учениците од трето одделение заедно со своите наставници подготвија музички точки.
Присутен беше и директорот на училиштето Никола Пискачев, кој им се обрати на учениците,заедно ја прочитаа свечената заклетва и им посака успех во учењето на сите ученици.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |











