Работилница по повод 3 Декември Меѓународниот ден на лицата со попречености направија учениците од престој заедно со наставничките Марија Шарковска и Соња Алтипармакова.
Учениците испишаа пораки на хамер под мотото ,,Обоиме во пријател" и покажаа дека сите деца се еднакви и заслужуваат почит разбирање и поддршка.
Кон секое дете треба да покажеме емпатија, да ја почитуваме различноста и да помогнеме секој ученик да се почувствува прифатен и вреден.
