Изведби на Зимска приказна
1. Учениците од IIIб одделение со наставничката Гордана Трифуновска настапија на Зимска приказна со изведба на драмскиот текст ,,Кој ја налути зимата?" од авторката Марија Трифуновска Тасеска.
Учениците накитени со радост и насмевки ја повикаа зимата во Битола. Зимата се налути и не дојде бидејќи броевите и знаците се караат за тоа кој од нив најдобар е. Но, сфатија дека секој свој дар си има и научија дека ,,Расправијата на лутина и тага еднаква е, а љубовта и добрината заедно можат да победат сѐ."
2. Учениците од III-в одделение учествуваа на зимските настани во организација на Општина Битола, под наслов „Зимска приказна“.
Тие се претставија со драматизација на текстот „Мисија: Радост“, напишан од нивната учителка Марија Кочовска. Во претставата учествуваа сите ученици, кои покрај актерската изведба, ја создадоа и музиката, свирејќи на детски музички инструменти.
Со многу креативност учениците испратија порака дека треба да ја бараме радоста во малите работи околу нас и почесто да се смееме.
3.
Се уживаше во прекрасните божиќни песни изведени во живо, празничната атмосфера проследена со бројни насмевки.
На ден спроти Католичкиот Божиќ, како дел од Зимската приказна се одржа Божиќен настан организиран од Француска Алијанса. Со учество на учениците кои го изучуваат францускиот јазик од "Стив Наумов "
Среќни празници!
