На ден 17.02.2026 година беше одржан интегриран час поврзан со мултиетничката интеграција на тема "Балкански војни".
Часот беше одржан во просториите на ОУ Ѓорги Сугарев"-Битола под менторство на наставниците Ана Велевска и Владо Кузмановски,а на истиот присуствуваа 12 ученици од 8 одделение од ОУ "Стив Наумов" и 15 ученици од ОУ" Ѓорги Сугарев".
Целта на часот беше учениците да стекнат знаења за причините,текот и последиците од Балканските војни,како и да развијат свест за значењето на мултиетничката толеранција,соживотот и потребата од мирно решавање на конфлитите.Во текот на активностите учениците следеа презентација,работеа во мешани групи,анализираа историски карти и извори и активно учествувва во дискусија.Особено позитивно беше тоа што се почитуваа различните мислења и се потенцираша значењето на толеранцијата и взаемното разбирање.
Часот успешно ги поврза историските настани со современите вредности на меѓуетничката интеграција.Учениците закључија дека конфликтите од минатото треба да бидат поука за градење мир,соработка и соживот во денешното мултиетничко општество.
