Eдукативно предавање на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

На ден 24.02.2026год,  од страна на Министерството за внатрешни работи, во I-а одделение се одржа едукативно предавање на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Учениците имаа можност да се запознаат со основните сообраќајни правила, правилното однесување како пешаци и значењето на безбедноста во сообраќајот. Предавањето беше реализирано на интересен и прилагоден начин според возраста на учениците.
Одделенски наставник:
Александра Илиевска

ОУ Стив Наумов - Битола