Ден на Пи – „Математиката и надежта“
По повод одбележувањето на Денот на Пи (16 март 2026), учениците од VI Б Теодор Костовски, Јаков Наумов, Николај Кондовски и Андреј Шундовски од ООУ „Стив Наумов“ – Битола под менторство на наставникот Пеце Ризановски и во соработка со наставникот Александар Димитров, активно учествуваа на настан организиран на Техничкиот факултет – Битола.
На самиот настан, тие ги презентираа своите изработки пред присутните, изложија постер и прикажаа едукативно видео.
Преку ова учество, учениците дадоа свој придонес во популаризацијата на математиката и продлабочување на знаењата за значењето и примената на бројот Пи.
