Работилница на тема: „Малтретирање, физичко насилство и врснички притисок“

Работилница на тема: „Малтретирање, физичко насилство и врснички притисок“
Во соработка помеѓу одделенскиот наставник Гордана Трифуновска и психологот Викторија Јовановска, во III б одделение се реализираше едукативна работилница на тема „Малтретирање, физичко насилство и врснички притисок“.
Целта на работилницата беше да се подигне свеста кај учениците за различните форми на насилство, нивното препознавање и последиците кои ги оставаат врз поединецот и групата. Преку интерактивен пристап, учениците имаа можност да дискутираат, споделуваат мислења и да учествуваат во активности кои поттикнуваат емпатија, почит и ненасилна комуникација.
Во текот на работилницата беа обработени следниве теми:
Препознавање на малтретирање (вербално, физичко и социјално);
Справување со врснички притисок;
Развивање на асертивни вештини;
Важноста на пријавување и барање помош.
Учениците покажаа интерес и активно учество, при што преку примери од секојдневниот живот учеа како да реагираат во ситуации на насилство и како да дадат поддршка на врсниците.
Во завршниот дел од работилницата, учениците работеа на конкретни сценарија поврзани со малтретирање, физичко насилство и врснички притисок. Поделени во групи, тие имаа задача да одговорат на прашања и да одглумат пред одделението како би постапиле во дадените ситуации. Преку оваа активност се поттикна развивање на критичко размислување, емпатија и примена на научените стратегии во реални ситуации.
Оваа работилница претставува дел од континуираните активности на училиштето насочени кон создавање безбедна, поддржувачка и позитивна училишна средина.
 
 

ОУ Стив Наумов - Битола