Франкофонски настан

Франкофонски настан во Куманово 26 март ✨🇫🇷
Со голема радост споделуваме дека учениците од ОУ"Стив Наумов" Битола учествуваа на прекрасен франкофонски спектакл во Куманово, каде што преку музика го претставија училиштето со нивниот труд, талент и љубов кон францускиот јазик 🇫🇷🎭
Во рамки на оваа посета, учениците имаа можност да го посетат и Францускиот институт од Скопје, каде што се запознаа поблиску со француската култура, јазик и образовни можности.
🙏 Посебна благодарност до "Бел Идеал" за поддршката и придонесот во реализацијата на овој настан!
 

ОУ Стив Наумов - Битола