На 28.11.2018 и на 06.12.2018 година претставници од МВР - Битола, под раководство на Александра Анџиева, одржаа едукативно предавање на учениците од 2А, 2Б, 4А, 4Б на тема: „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

Им благодариме за соработкатa

На 12.12.2018 година, во рамките на нашето училиште се одржа работилница на тема „ Запознавање со европската, Etvining платформа". Обуката беше организирана во соработка на Националната Агенција за Европско образование Скопје и соработка со БРО - советничката Мирјана Давкова. На обуката присуствуваа професори од средните училишта во Битола и профрсори од нашето училиште ( Дарко Мицески, Магдалена Сајкова, Александар Димитров), кои ќе го десеминираат проектот помеѓу нивните колеги. 

На ден 13.12.2018 година е организиран донаторски концерт, со Советот на родители од ОУ „Стив Наумов“ - Битола, учениците, наставниците и хорот на нашите „ Ѕвончиња “, во Домот на Културата - Битола, под мотото „ Од децата за децата “.

Страница 2 од 2

ОУ Стив Наумов - Битола