Отворениот ден на Граѓаското образование

Под мотото ,,Насилството како девијантна појава во современото опшество и ,,Културните разлики меѓу  луѓето во нашето општество” 

беше одбележан Отворениот ден на Граѓаското образование. Активно учество зедоа учениците од VIIIГ и IXВ кои со свои презентации го осудија насилството кое е присутно во нашето опшество и претставува девијантна појава. Меѓу другото со свои активности учениците од деветто оделение испратија апел до сите луѓе за надминување на сите етнички и културни разлики и обединување на сите заедно без оглед на пол возраст вера раса нација јазук.

Активностите беа реализирани со физичко присуство и на нив присуствуваа директорката на училиштето д-р Дијана Христовска и советничката од БРО Лидија Кондинска.

Организатор на проектот Елизабета Трајковска

ОУ Стив Наумов - Битола