Викенд во Крушево

Прекрасно поминат викенд во нашето Крушево со учениците од осмо одделение. Највисокиот град повторно го покажа своето гостомпримство.

Топлата ,,Вила Гора"направи вистинска планинска атмосфера, како во престижните скијачки центри. Вкусна храна, одлично сместување,љубезност. Градот ни понуди уметност, како ликовната галерија на Мартиновски, ни понуди адреналин, возење со жичара, спуштање по зип-линијата, ни понуди историја, посета на ,,Македониумот", ни понуди забава, емоции, Спомен музејот на Тодор Проески.

Наставниците Менде Бегалиновски, Томче Петровски, Александар Димитров, Благој Гацовски и Магдалена Сајкова, заедно со нашиот водич Марија, ни беа вистинските пријатели во ова патување. Благодарност до сите, оти секој е заслужен на свој начин во создавањето на незаборавните спомени. Задоволството е на квадрат, а желбата е да се повтори сличен викенд и на пролет.

Пишуваа Магдалена Сајкова и Неда Вељанова 8г одд, медиумски клуб,,Искра". Крушево 1-3.12.2023г.

 

ОУ Стив Наумов - Битола