Наградени ученици

Општина Битола веќе традиционално ги наградува талентираните ученици, воедно ги мотивира и стимулира за уште поголеми успеси.

Нашите Марио Јосифовски, Димитар Симоновски и Лили Велјановска сите од осмо одделение , оваа година имаа чест да бидат признати и пофалени, а на главната манифестација која се одржа во Офицерскиот дом, денес на 18декември 2023г., ова високо признание го добија лично од градоначалникот д-р Тони Коњановски. Покрај нивните вредни награди, тоа се исклучително вредни и одлични ученици кои активно учествуваат во училишните и воннаставните активности, другаруваат со своите соученици и се вистински модел на ученик. Нам ни се гордост и им посакуваме уште многу вакви награди и признанија.

 

ОУ Стив Наумов - Битола