8ми Март

По повод Меѓународниот ден на жената – 8ми март, во нашето училиште се одржа работилница со наслов ,,Силните жени низ историјата”.

Присутните ученици имаа можност да слушнат повеќе за тоа зошто и како настанал овој ден, преку презентација која ја  водеше ученичката Никита Ангеловски од 7в одделение. На крајот се одржа кратка дискусија за правата на жените денес и дали букетот цвеќе е единствениот начин да се покаже почит кон жената. Учениците споменаа и други успешни жени и пишуваа кои карактеристики ги поседува секоја силна жена.

Учениците од престој изработија цветови од хартија со порака и со истите им го честитаа празникот на сите мајки, баби, жени кои беа присутни во училишниот двор, како и на сите вработени во училиштето.

 

ОУ Стив Наумов - Битола