Уште една успешна приказна во нашето училиште: Друштвото за производство, трговија и услуги ВИК МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, со седиште во ТИРЗ Алинци, деновиве, на 15.03.2024г.,донираше:
11 табли за пишување,
3 видеопроектори
4 глобуси и
2 интерактивни табли.
За некого малку, за нас многу. Секој чин на поддршка и помагање на воспитно-образовниот процес и осовременување на наставата, за нашите ученици и наставници е само потврда на доброто работење, препознавање на трудот и љубовта што се вложуват.
Им благодариме на нашите нови пријатели и помагатели, со ветување дека ќе ја докажеме оправданоста на оваа донација. Општествено одговорните компании создаваат и развиваат квалитетни релации со своите клиенти и со своето дејствување градат позитивни односи во поширока смисла на општеството.Ние сме среќни што бевме дел од нивната локална иницијатива да се подобрат условите за работа во нашето училиште.
![]() |
![]() |
![]() |



