Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на ден 3.6.2024 год., со големо задоволство ги прими во Општина Битола, учениците од збратименото училиште на
ОУ ,,Стив Наумов" од Истанбул Турција, ,,ECA ELGİNKAN İLKOKULU & ANAOKULU'' заедно со наставничката Yüksel Ilknur и заменик директорката Sibel Ulucan. Директорот на нашето училиште, Николче Пискачев објасни дека соработката со ова училиште започна со допишувањето на учениците на Илкнур Јуксел и Јовановска Даниела.
По покана на училиштето од Истанбул се случи и посета на Истанбул каде учениците од ОУ ,,Стив Наумов" го претставија нашиот град и беа прекрасно дочекани од домаќините. На наша голема радост ни ја возвратија посетата и овие денови уживаме во дружењето со нашите пријатели од Истанбул во Битола.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |








